Партијата на Ангела Меркел на денешните парламентарни избори во Германија освоија 42,8 отсто од гласовите и со тоа станаа најсилната политичка опција во земјата, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето.
Според неофицијални резултати, досегашните коалициски партнери на Меркел, либералите на шефот на дипломатијата Гидо Вестервеле не успејаа да влезат во Бундестагот, бидејќи добија поддршка од само 4,8 отсто од гласачите и не го поминаа цензусот.
Социјалдемократската партија освои 26 отсто, Зелените осум проценти, а Левицата 8,5 отсто.