Родителите на убиените момчиња кај Смиљково бараат одговор: Чии се црниот џип и опелот?


Родителите на убиените момчиња се надеваат дека до крајот на судењето за Монструм ќе бидат обелоденети сите докази и се ќе излезе на виделина, но реагираат и што се одолговлекува судењето

smilkovsko ezero

– Денеска се одложи не знаеме зошто, дури за еден месец. Од материјалните предмети има многу предмети на децата. Очекуваме и со име и презиме да се каже чиј е опелот и црниот џип што учествувале во злосторството врз децата. За обвинетите знаеме како тврдат рече Горан Наќевски, татко на Александар, пренесува Канал 5Судир на интереси беше причина за денешното одложување. Како бранител на неколкумина обвинети  влезе нов адвокат кој е роднина со еден од судиите поротници.

Адвокатот Ѓорги Настевски објасни дека станува збор за подалечна роднинска врска и рече дека не се повлекува од предметот па судијата го прекина рочиштето и најави дека претседателот на судот ќе одлучи што понатаму. За да не се наруши правото на одбрана, адвокатите очекуваат да биде изземен поротникот

Последно уапсениот Сами Љута  се уште не е дел од Монструм затоа што истрагата се уште не е завршена.

Ништо ново ниту на Косово. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во притвор а Приштинскиот апелациски суд се уште не закажал датум за да ги разгледан нивните жалби.

Канал 5
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1