Судот одлучи: Брат Љубе мора да му плати на Латас


Скопскиот Кривичен Суд го задолжи Љубе Бошковски да му ги покрие судските трошоци на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас за стопирана постапка за клевета.

ljubeБошковски го тужел Латас за клевета во кривичниот суд но не ја продолжил постапката во граѓанскиот Скопје 2 во дадениот рок од 30 дена. Поради ова, тужениот се здобил со правото на надомест на трошоците кои ги имал во постапката пред Кривичниот суд, пишува Прес 24.

Судијата на новинарот му досудила вклупно 10. 400 денари.

Голем број тужители кои во кривична постапка бараа одговорност за клевета, не ги продолжија постапките во граѓанскиот суд по декриминализацијата на ова дело. Сите тужени се здобија со правото на надомест на судските трошоци но непознато е колкумина побараа остварување на тоа право.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1