Стршлени ги напднаа пчелните семејства во Овчеполието. Љубе Стојковски од селото Алакинци, свети николско, вели дека годинава стршлените му ги преполовиле пчелите.
Имал 150, а стршлените му уништиле околу 50 пчелни семејства, пренесува „Телма“.
Стојковски вели дека во Алакинци стршлените можат да се видат на вратата на црквата Света Богородица, каде што само храбрите можат да се приближат.
Стојковски додава дека има толку многу од овие инсекти што тоа би можело да се регистрира и во Гинисовата книга на рекорди.