Во потрага за најчесен град на светот направен е експеримент во 16 градови на четири континенти. `Загубени` се 192 паричници, а граѓаните од тие градови покажуваат колку се (не)чесни.
Парковите, тротоарите, трговските центри се идеални за губење паричници, а тоа го инсценираа репортерите од Reader’s Digesta во 16 светски градови. Во паричниците имало 50 долари, картички за на работа, семејна фотографија, купони и број на мобилен телефон. Вратени се вкупно 47 отсто од паричниците, што значи светот на пола чесен.
„Ако пронајдете пари, не може автоматски да се претпостави дека му припаѓаат на богат човек”, вели Урсула Смист, една од оние кои го вратиле паричникот во Лондон. „Тоа можеби се последните пари на некоја мајка да го прехрани семејството”, вели Смист, по потекло од Полска.
16. Лисбон, Португалија
Голема срамота е кога од 12 загубени паричници, само двојка туристи од Холандија ќе врати еден од нив.
15. Мадрид, Шпанија
Тие вратиле само два од 12 загубени паричници. Ни ним не им е многу до вистинската работа, но се подобри од граѓаните на Лисабон.
14. Прага, Чешка
Популарната туристичка дестинација е град каде треба да внимавате на паричниикот. Само четири од 12 се вратени, а останатите `добиле нозе`.
Од 13 до 11 место се Цирих, Швајцарија, Рио де Женеиро, Бразил и Букурешт, Романија, каде се вратени исто по четири паричници.
10. Варшава, Полска
Вратени се пет од 12 загубени паричници, а преостанатите седум `ги здиплиле` жени.
9. Лондон, Велика Британија
И Лондон е ист како Варшава, со пет вратени.
8.Љубљана, Словенија
Словенците се половично чесни, па вратиле 6 од 12. „Родителите ме учеа дека чесноста е важна”, вели Манца Смолеј (21).
7. Берлин, Германија
И Германците се половина чесни со шест вратени паричници и шест задржани.
6. Амстердам, Холандија
Тука стигнавме до оние градови кои се повеќе чесни, па така граѓаните на Амстердам вратиле седум, а задржале пет паричници.
5. Москва, Русија
Без разлика што мислите за Москва и веројатно би ја ставиле на дното на оваа листа, сепак таму се вратени седум од 12.
4.Њујорк,САД
И граѓаните на Големото јаболко се чесни, па вратиле осум паричници.
3. Будимпешта, Унгарија
И Унгарците вратиле осум од 12 загубени паричници.
2. Мумбај, Индија
Девет од 12 паричници вратиле граѓаните на Мумбај, што можеби звучи изненадувачки, а потсететесе се каде е Лисабон.
1.Хелсинки, Финска
„Финска, Финска, Финска, Тоа е земја во која сакам да бидам”, се стихови од една песна на „Монти пајтон”, Граѓаните на Хелсинки задржале само еден паричник, а вратиле 11. Секоја чест.„Финците се природно искрени”, вели еден од чесните Финци