Пит були растргнале 2-годишно дете во Калифорнија – му го изеле лицето


Во понеделникот во Колтон, Калифорнија, дошло до морничав напад на кучиња врз двегодишно дете.Момчето од последиците на нападот набргу починало во блиската болница.

Жената која изнајмува соба од бабата на детето кое починало ги раскажала за страшните детали од нападот. Таа рекла дека 5 пит були го нападнале момчето во дворот.

PIT BULL DETE„Беше грозно. Му го изгризаа лицето. Му го изедоа лицето. Не личеше на детето кое го знам“ – раскажала таа.

Таа заедно со вујкото на настраданото дете внимавала на него, на неговиот постар брат и на двете свои деца. Одеднаш забележале дека момчето „исчезнало“. Се претпоставува или дека детенцето скокнало од прозорот во дворот – или пак дека кучињата го одвлекле од собата. Но според домашните кучињата никогаш не биле агресивни и не ни можат да претпостават што се случило. Кога виделе дека го нема детето во собата почнале да го бараат. го пронашле на крајот од дворот како лежи облеан во крв – однесено било веднаш во болница но веќе предоцна.

„Околу 20-тина минути безуспешно го бараа, а потоа го здогледаа во дворот зад куќата. Им побегнал низ прозорецот, претпоставувам, за да си игра со кучињата кои го зграпчиле“ – раскажал соседот на семејството, Кевин Кардиел.

Родителите и бабата на момчето не биле дома за време на нападот на најмалиот член на семејството. Полициската истрага на сите околности дури подигнале и првично обвинение против бабата на детето која е сопственик на кучињата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1