25 млади луѓе од регионот беа дел од проектот „Youth Reconciliation Ambassadors“ со една единствена цел – помирување.
Покрај учесниците од Србија, Косово, БиХ имаше претставници и од нашата држава. Еден од учесниците од Македонија, е Марија Илиевска од Крушево.
„Mладите се тие кои треба да ја предводат иднината. Запознав млади луѓе од регионот, кои се уморни од досегашната состојба во регионот и се желни и спремни за соживот. Во текот на едно неделниот семинар имавме предавања на различни теми (Меѓународно право, ЕУ-интеграци, Идентитет, Историја на Југославија…) од значајни луѓе, посетивме неколку институции и Амбасади.
На крај дојдовме до очекуван заклучок дека ние сме тие кои треба да градиме иднина и дека во таа иднина спремни сме да промениме многу работи во нашето општество, со цел да имаме подобар живот. “, вели Марија.
Амбициозноста кај Марија и другите Амбасадори за Помирување се гледа во желбата и спремноста да се променат многу работи, да се делува во оштеството, и сето тоа со една единствена цел, единство, соживот и подобра иднина за нас и за идните генерации.
Проектот под слоганот „Дојдете во Белград и запознајте го регионот“, е организиран од страна на Омладински Одбор за Образование, поддржан од Британска Амбасада во Белград .