Просториите на Ракометната федерација на Македонија синоќа биле ограбени од непознати сторители. Во моментов, на лице место полициските органи вршат увид, поради што за момент работата во РФМ е оневозможена.
По извршениот увид, се очекува и официјална информација за материјалната штета што е сторена, покрај тоа што е обиена влезната врата, пренесува Екипа.мк
Според првичните информации, недостасува дел од техниката, со голо око може да се забалежи дека го нема телевизорот, а непознато е дали цел на крадците била и документацијата.