Доколку сакате да видите колку луѓе секојдневно користат Фејсбук, страната „thefacesoffacebook.com“, ги стави сите негови корисници, 1.2 милијарди, кои се претставени како обоени пиксели на оваа слика, но на која, при зголемувањеto, ќе можете да ги видите лицата на секој член на Фејсбук.
И додека самата слика изгледа како да нема никаков ред, фотографиите се наредени хронолошки, односно по редослед по кој луѓето се регистрирале на популарната социјална мрежа.
Доколку го споите вашиот Фејсбук профил со The Faces of Facebook, ќе можете да погледнете каде се наоѓа вашата слика на овој огромен колаж.