Не помина ниту една недела од смртта на Душан Љубисављевиќ, вечерва беше ограбен ресторанот „Доменика“ во Скопје, кој е во негова сопственост, пишува Телеграф.мк
Полицијата веднаш го уапсила крадецот, а за иронијата да биде уште поголема, станува збор за келнерот по име Миле, кој неколку години работел за пејачот и во периодот кога беше сопственик на „Балканика“.
Инаку Дуле пред неколку месеци го отвори ресторанот заедно со неговата сопруга Љупка и таман кога работата им тргна, се случи големата трагедија.
Телеграф.мк