Дваесет и деветгодишниот стружанец Агрон К. загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар.
Според полицијата, несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ во еден момент изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место.
Во несреќата е повреден и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој веднаш бил пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга.