Си Ен Ен: Македонија во топ 5 земји најдобри за започнување бизнис


Во текот на изминатите пет години Македонија го поедностави процесот на започнување на бизнис, ги намали барањата и процедурите во документи и време и го подобри својот едношалтерски систем. Вака стои во анализата на Си Ен Ен каде Македонија е ставена во топ 5 земји за започнување на бизнис, пишува Економски.мк.

Глобал Дуинг – анализата на Си Ен Ен ги оценува отворањето на нови бизниси во 185 економии во светот. Голем дел од анализата се потпира на извештајот на Дуинг Бизнис на Светската банка. Неколку критериуми се земени во предвид во анализата и тоа колку е лесно е да се отвори друштво со ограничена одговорност, колку чекори се потребни за отворање на фирма, времето и процедурите за тоа.

cnn za makedonija

Во топ 5-те земји Македонија е единствена земја од Европа во ова рангирање. Пред нас на прво според Си Ен Ен е Нов Зеланд, потоа Австралија, Канада и Сингапур.

И во последниот извештај на Дуинг Бизнис на Свтеката банка, Македонија е една од земјите кај кои е забележан голем напредок во индикаторите за водење бизнис во земјата. Во севкупниот напредок на земјите во текот на изминатите години, Македонија е трета по спроведените реформи меѓу земјите во Европа и Азија, а во глобално ниво се наоѓа на петтата позиција.

Во вакви услови Македонија се најде на 23 место и е далеку пред земјите од регионот, како и пред 20 од 27 земји членки на Европската унија, стои во извештајот на Дуинг Бизнис за 2013 година.

Економски.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1