Цената на СМС треба да се намали за 75 отсто, сметаат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), пренесува Дневник.
Предлогот да се намали големопродажната цена на кусите пораки од сегашните 2 денара за порака на 0,50 денари веќе е на јавна расправа, која ќе трае до крајот на месецот.
Во овој период трите мобилни оператори треба да се изјаснат за него.
Ова би значело дека малопродажните цени на пораките, кои сега чинат 5 денари, ќе се намалат на 1,25 денар.