Веќе некое време низ интернет кружи приказна од непознат автор за синот кој се срамел од својата мајка. Веројатно е фикција, но вреди да се прочита, ако веќе не сте го сториле тоа!
Имав мајка со едно око. За жал, прилично ја мразев, бидејќи со својот застрашувачки изглед често ме доведуваше во непријатни ситуации.
Работеше како готвачка во училиште за да не прехрани.
Се сеќавам, еден ден, додека бев момче, како таа дојде во моето школо да ме види. Бев шокиран. Како можеше да направи вакво нешто! Длабоко повреден и посрамотен, ја погледнав со огромен презир и ја игнорирав.
Следниот ден еден од учениците ми се обрати со овие зборови: “Леле, мајка ти има само едно око!“ Посакав буквално да умрам, а на мајка ми и бев толку лут што посакав засекогаш да исчезне од мојот живот. Тоа и го направив, следниот ден и реков: “Зошто ме брукаш? Зошто едноставно не умреш?“
Ништо не одговори. Бев толку лут што не бев во состојба да забележам како таа се чувствува. Само сакав, еднаш засекогаш да заминам од таа куќа за да не морам никогаш повеќе да ја гледам.
Бев трудољубив ученик и добив стипендија што ми овозможи образование во друг град. Заминав, завршив факултет, се оженив, купив куќа, добив деца и бев буквално среќен и задоволен од својот живот.
Еден ден, ненајавено, дојде мајка ми, за да ме види мене и внуците. Кога дојде на врата, моите деца почнаа да се смеат.
Бесно и викнав: “Како се осмелуваш да ми ги плашиш децата? Губи се надвор! Не сакам да те видам!“
Смирено одговори: “Прости ми. Изгледа сум ја згрешила адресата…“ И замина…
Еден ден добив покана од старото училиште за да прославиме незнам која годишнина. После состанокот, од чиста љубопитност одлучив да ја ѕирнам мојата стара куќа.
Соседите ми рекоа дека мајка ми умрела. Не бев тажен, не пуштив ни една солза. Воопшто не ме погоди нејзината смрт.
Соседите ми го дадоа писмото што ми го оставила.
“Мил мој сине, често размислував за тебе…Прости ми што ги исплашив твоите деца. Многу бев среќна кога слушнав дека ќе дојдеш на годишнината. Можеби нема да можам да станам од кревет за да те видам. Многу сум болна. Прости ми што толку пати те доведов во незгодна ситуација и што поради мене ти страдаше. Сепак, сакам нешто да знаеш…кога беше ти мал, докторите рекоа дека би можел да останеш без око. Не можев да те оставам така – да растеш со едно око, па ти го дадов моето. Со љубов. Бев среќна и горда што моето сакано дете ќе може да го гледа светот со две очи.
Те сакам сине! Мама
Попара.мк