Над 45.000 корисници на топлинска енергија од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Општина Гази Баба кои ги користат услугите на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), се уште се со ладни радијатори. Од компанијата велат дека технички се подготвени за старт на грејната сезона, но се чека официјално менаџерскиот тим да го означи почетокот на новата грејна сезона, пишува Вечер.
Од Регулаторната комисија за енергетика реагираат на ваквиот став на компанијата и
укажуваат дека неопходно е веднаш да се отпочнете со испорака на топлинска енергија.
Регулаторите се повикуваат на обврските што компанијата ги има преземено со добивањето на лиценцата, а се содржани во Правилникот за топлинска енергија.
Правилникот обврзува доколку се исполнети условите и пред официјалниот старт на грејната сезона, а тоа е 15 октомври, да испорачаат топлинска енергија до сите потрошувачите. Според нив, доколку и покрај нивните забелешки, компанијата не стартува со испораката можно е да и се одземе лиценцата, но да има и парични санкции.