Комарџии завршија во штипската болница. Губитникот на 600 евра им наплатил за сите пари.
Инцидентот кој синоќа им отори работа на штипските хирурзи се случил на автобуската станица во Радовиш, место каде тамошни комарџии често се собирале за комар.
Двајцата добро уиграни партнери со иницијали К.Л. и С.А. на возраст од 40 и 42 години, на партија покер поканиле трето лица од Радовиш. Играта тргнала добро се додека третиот, не почнал да губи и не се посменевал дека другите двајца го местат, јавува тв Стар.
Ова било причина за негова жестока реакција во која најдебелиот крај го извлекле двајцата соиграчи. Двајцата радовишани со повреди на главата , особено во пределот на лицето и вилиците се сместени во штипската болница каде лекарите им ги санираа последиците од партијата покер.
Сепак, освен за лекарите случајот од Радовиш е интересен и за полцијатата која истражува колкумина, автобуската во Редовиш ја користеле како место за нелегално играње комар. Првичните сознанија говорат дека таму се вртеле големи пари, а најмалиот влог бил од 50 евра, па нагоре.