Во вторник, кога се очекува претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се врати во Македонија и да биде приведен, СДСМ најверојатно ќе организира протести. Ова било решено на вчерашната седница на раководството на СДСМ.
Градоначалниците од опозицијата нема да го напуштат ЗЕЛС но ќе ја замрзнат работата во ова тело а СДСМ ќе го прекинат и учеството во работната група во парламентот, што треба да ги спроведе препораките во врска со настаните од 24 декември лани.
Советниците на најголемата опозициска партија ќе изразат протест на тој начин што нема да учествуаат во работата на првата наредна седница на советите во сите општини во Македонија.
Овие одлуки на СДСМ се реакција на полициската акција „Претседавач“, за која опозицијата смета дека е политички монтиран случај. Непосредно по најавите дека ќе биде уапсен Шиповиќ, СДСМ побара тој да се брани од слобода.