Кои се комшиите на македонската Влада? Илинденска – адреса на сиромаштија и очај!


Бранка Саздовска и нејзиниот сопруг Драганчо Саздовскиживотна судбина полна со падови, повеќе вели, отколку што памети убави нешта. Иако живеат на само неколку метри од Владата на РМ, на Илинденска, во центарот на градот, опкружени со густиот сообрајќаен метеж и ново изградените станбени згради, во жолтата, стара и речиси руинирана куќа, во близина на фонтаната во градскиот парк, семејството Саздовски живеат блиску, а далеку од очите на јавноста. Нивната животна приказна ја пренесува Фактор.мк.

1384316_673111076034625_1266478751_n-300x240Мирни и повлечени луѓе кои зависат од хуманоста на сопственикот на куќата, кој подолго време им дозволува да престојуваат во неговата куќа. Но, како да се помине денот без пари, без социјална помош, и со сопругот кој години наназад се бори со тешка болест пропратена со гангрена на ногата – се прашува Бранка?

“Имам 56 години и веќе неколку години крпам ден за ден. И јас и сопругот. Скоро 18 години работев како општ работник за производство на пластика во една фабрика во Илинден, но многу работи се променија. Немаше работа,немаше пари.Денес фигурирам како вработена, а не сум, се е испомешано. Неможам да добијам ниту социјална помош баш поради документите. Оставена сум и јас и сопругот на милост и немилост на луѓето. Ако излезе нешто да поработам добро, ако не уште потешко е! Одам секој ден на пазарчето на Буњаковец. Секој ден сум таму, собирам и помагам по тезгите на продавачите, па ми даваат по нешто, колку за јадење, по малку. Да помине денот. Ги броиме со момчето деновите, кога ќе стигне декември, ќе даде ли господ да допреме до пензија? Па, тогаш ќе се живее некако. Поубаво, белки” – раскажува Бранка Саздовска.

Нема каде да се избања, бидејќи нема купатило, нема пари за сметки, за храна , за кирија.Облеката веќе одамна за нив е луксуз. Со сопругот и уште триесетина бездомници оди еднаш неделно во Центарот за бездомници, да се избања, да земе нова облека, да касне топло јадење. И да се теши дека и други се на слични маки.Имам мајка, браќа, но и тие живеат во една соба, а имам и две снаи. Не можат да ми помогнат. Контактирам со моите, но немаат можност да ми помогнат, кога да отидам ќе ме пречекаат и толку. Немаат ни тие, ни ние, тоа е.

1382244_673111072701292_684077900_n-564x272

Бранка Саздовска, не е ниту првиот ниту последниот случај кој од работа и редовна плата стигнал на дното. Во годините кога треба да ги ужива плодовите на долгогодишната работа, таа е оставена да моли за парче леб. Но, социјалните работници и активистите на Црвениот крст, кои досега многупати им помагале околу документацијата, се заглавиле во административните лавиринти. Сепак остануваат исто толку оптимисти колку и скромните Саздовски, дека веќе следната година, која и не е така далеку ќе им донесе повеќе среќа и повеќе пари, барем колку да се покријат основните трошоци за една скромна “сиромашна” живеачка.

Целата сторија на – Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1