Вдлабнатините на тепихот може да настанат од тежината на мебелот, а изгледаат многу непривлечно.
Освен тоа, голема е веројатноста дека ќе им треба долго време додека се вратат во првобитната состојба, а да не зборуваме за тоа дека вдлабнатините може да останат засекогаш.
Lifehacker покажа како во неколку минути да го вратите тепихот да биде ист како кога го купивте од продавница.
На оштетеното место ставете коцка мраз.
Почекајте да се стопи, а вдлабнатината би требало да исчезне.
Потоа преку влакната на тоа подрачје поминете со четка за заби за да се изедначат со неоштетените делови.
На крај, поминете со сува крпа и вашиот тепих ќе биде како нов. Good Housekeeping го препорачува истиот трик, но советува да почекате 12 часа пред да го исушите тепихот.
365.com.mk