Двајца Хрвати се уапсени откако се утврдило дека купиле девојче на возраст од 15 години од Македонија, ја донеле во Хрватска и присилно ја омажиле за 21 годишно момче. Девојчето било подложно и на сексуален контакт па уапсените заработија пријави и за сексуално злоставување, јавуваат хрватските медиуми.
На полицијата и јавиле загрижени соседи а истрагата покажала дека хрватите девојчето го купиле во март годинава, од 53 годишна Македонка, чиј идентитет хрватската полиција не го објавува. За неа платиле неколку илјади евра.
Девојката била донесена во Хрватска со важечки патни исправи што им ги обезбедила жената која ја продала.
Уапсените биле од Вуковар. Девојчето било предадено на вработените во Центарот за социјална работа во Вуковар и се очекува наскоро да биде пренесено во Македонија.