Поројни дождови, пропратени со грмежи и студен засилен ветер ни најавуваат за утре метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР велат дека Македонија од утре ќе биде под влијание на влажен бран кој ќе допринесе за облачно, нестабилно и посвежно време со врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
„На места врнежите ќе бидат обилни, особено во северните и западните делови и за 24 часа локално се очекуваат да наврнат и над 25 л/м2. Во вечерните часови и во четврток ќе дува засилен северен ветер (над 70 км/ч), а температурата значително ќе опадне“, се вели во вонредната прогноза на УХМР.
Температурите ќе се движат од 14 од 20 степени во текот на денот, додека минималната температура ќе биде околу 10 степени.
Во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и постудено. Ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°С до 19°С.
weather4all.com.mk