И официјално: Загадениот воздух виновен за рак на белите дробови, повеќе од цигарите


-Загадените материи од воздухот кои ги вдишуваме се главна причина за рак на белите дробови, тврдат од Светската здравствена организација, пишува „Би-Би-Си„

vozduh chemestrials zagaden-Загадувањето кое е резултат на издувните гасови, нус производи од електраните, емисијата на гасови во производството и индустријата, како и резултат од греењето на домовите, се главна причина за рак на белите дробови, што треба да делува како силна порака до властите да преземат акција, велат од СЗО.

Меѓународната агенција за истражување на рак (ИАРЦ) која е дел од СЗО, го смести загадувањето на воздухот во истата категорија како и чадот од цигарите, УВ зрачењето и плутониумот.

-Загадувањето на воздухот сега е познато дека предизвикува срцеви и респираторни болести, но доказите сега укажуваат, исто така дека предизвикува и рак- наведуваат од ИАРЦ.

Најновите податоци укажуваат дека 223.000 смртни случаи на рак на белите дробови ширум светот се предизвикани од загадување на воздухот, од кои повеќе од половина во Кина и другите земји од Источна Азија бидејќи брзата индустријализација довела до небо полно со смог во градовите како што е Пекинг.

zagaduvanje-2-300x225Глобален проблем и загриженост поради загадувањето на воздухот отворен е и во Европа оваа недела, бидејќи податоците укажуваат дека постои врска и со ракот на бешиката.

-Воздухот кој го дишеме, стана презаситен од мешавина на канцерогени супстанци. Знаеме дека надворешното загадување на воздухот не е само голем ризик по здравјето во целина, туку водечка причина за смрт од рак- рече Д-р Курт Страиф, од ИАРЦ.

Челничката на истражувачката интерпретација во Меѓународниот фонд на светското истражување за војни, Д-р Рејчел Томпсон наведува дека најновите докази ја потврдуваат потребата, владата, индустријата и меѓународните тела, итно да ги решат еколошките причини за рак.

-Но се уште има многу што можеме да направиме како поединци за да се намалат шансите за развој на болестите, како што е поголема физичка активност и усвојување на здрави навики во исхраната- наведе Томпсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1