Виолината на која фронтменот на оркестарот Валас Хартли свиреше додека Титаник тонеше во водите на океанот во далечната 1912 година ќе биде изложена на аукција во Британија .
На аукција ќе бидат понудени и други предмети поврзани со славниот но кобен за 1500 патници и членови на екипажот Титаник, како оригиналните полици на осигурувањето на бродот опишани како предмет кој не можел да потоне и нотните записи кои ги користеле членовите на оркестарот на бродот.
Инаку виолината на Хартли пред да биде пронајдена десетина дена пловела во кожна торба во водите на океанот .
Кога била пронајдена таа и била предадена на свршеницата на 25 годишниот Хартли.