Штип ги доби своите анонимни јунаци. Две жени од Охрид ги бараат храбрите момчиња од Штип, кои минатата сабота спасиле пет животи. Патувањето до Охрид на овие две жени им се претворил во вистински кошмар на планинскиот превој Плетвар, пренесува Тв Ирис.
Возилото во кое биле двете пријателки и нивните три деца одеднаш се запалило. За среќа застанале две возила со штипски регистарски таблички, кои ситуацијата успеале да ја стават под контрола. Двете жени во паниката ниту ги прашале како се викаат, ниту пак успеале да им се заблагодарат. Единствен начин за поврзување со нивните јунаци им била телевизијата.
Во телефонскиот разговор за Ирис раскажуваат дека момчињата не само што успеале да го изгаснат пожарот, туку влегле и во запаленото возило за да извадат дел од работите кои ги имале во него.
Доколку храбрите момчиња се препознаат во приказната, ги замолуваме да се обратат во редакцијата на Ирис за да можеме да ги поврземе со благодарните охриѓанки.