Ако имате кинеска пегла – може да ве шпионираат преку микрочипови


Руски претставници тврдат дека во апарати за домаќинство увезени од Кина, пронашле вградени микрочипови кои емитуваат податоци до безжични мрежи.

Pegla-spijunska-2Властите во Санкт Петербург наводно пронашле апарати за загреење вода и пегли, во кои биле вградени микрочипови, кои им испраќаат податоци на кинеските сервери, објави денеска британскиот весник „Дејли мејл“.

Уредите се откриени, откако е утврдена разлика во тежината на некои од апаратите за неколку грама.

Тоа не би предизвикало никаков сомнеж доколку стануваше збор за поголеми апарати, но таква разлика е небообичана кај евтините мали уреди, како што се пеглите.

Peglaspijuniranje

Ова откритие е објавено само неколку дена, откако Европската унија покрена истрага по извештаите на италијанските медиуми, дека со помош на подароци, како на пример кадифени мечиња, нотеси и УСБ стикови, Русија шпионирала стотици странски делегати на самитот на Г-20 во септември во Санкт Петерсбург.

Портпаролот на Европската комисија, Фредерик Венсан изјави дека експертите ги испитуваат подароците кои Русија им ги давала на учесниците на самитот, но дека досега „анализата на хардверите и софтвери не предизвикала сериозна безбедносна загриженост“.

Венсан нагласи дека истрагата се уште не е завршена, истакнувајќи дека е вообичаено правило дипломатите и лидерите на ЕУ при патувањата во странство да не користат подароци, ниту каква било друга екстерна опрема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1