Обвинителството поднесе барање до управата на криминалистичката полиција, за собирање на информации за собраните пари за лекувањето на малата Тијана Огњаниќ. Случајот го коментирше и премиерот Дачиќ.
Откако полицијата ќе ја достави информацијата, обвинителството ќе донес еодлука како понатаму ќе с епостапува во врска со случајот. Деталната проверка на парите ќе биде извршена од одделението за стопански криминал – пишува Б92.
Премиерот Ивица дачиќ изјави дека е потребно да се утврди што се случува со парите донирани за девојчето, но треба да се биде внимателен да не се нанесува дополнително болка.
– Не би сакал да му згрешам на некој. Тоа семејство ја имаше најголемата загуба, но постои големо интересирање во јавноста што се случило со парите – вели премиерот.
– Треба да се остави да се утврди полната вистина и не треба дополнително да се нанесува болка на родителите, или на луѓето кои сакале да помогнат – изјави Дачиќ.
Изјавата на Дачиќ на следниот ЛИНК










