Истрели од огнено оружје попладнево ги вознемирија жителите на Бутел, а полицијата на терен пронајден тело на непознат маж, јави Нетпрес.
По пријавата во полиција, екипи на Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен. Се упатиле зад киното Бутел, каде во паркот, пронашле безживотно тело на се уште непознато машко лице на возраст меѓу 40 и 50 години со прострелна рана во пределот на слепоочницата.
Полицијата врши увид и се обидува да открие дали станува збор за убиство или самоубиство.