Кога 5 годишниот Мајлс Скот од околината на Орегон кој 4 години се бори со леукемијата, го прашале која е неговата желба рекол – сакам да бидам Бет -дете. Целиот Сан Франциско се крена на нозе и се претвори во градот од стрипот за деца, за да му ја исполни желбата на Мајлс.
Се разбира, тој стана Бет – детето кое успеа да ги избрка лошите од градот. Полицијата го повикуваше да му пријави кражба а тој го фати крадецот, спаси и дама во неволја и беше вистински мал суперхерој. Илјадници го храбреа во неговите подвизи по улиците на Готам Сити.Детенцето го фати крадецот а потоа брзаше да ја спаси дамата во неволја.
Таа пак од благодарност што ја спасил не можеше да престане да го гушка.
– Исполнувањето на оваа желба значи заокружување на еден период од над 3 години во кој го полневме телото на нашето дете со токсични лекови – рече неговата мајка Натали.
Следниот ден дури беше и дистрибиуран весникот „ Готам сити кроникл“ во 1000 примероци со вест на насловна со наслов „Бет детето го спаси градот“.Сето ова го организираше фондацијата „Make-A-Wish Foundation“ а Сан Франциско се претвори во град од стрип да развесели едно болно дете. Ете затоа, Сан Франциско е најдобриот град на светот! Дури и претседателот на САД му честиташе на Бетмен детето што го спаси Готам.