Истражувајќи го непалскиот храм Маја Деви, археолози пронајдоа досега непозната дрвена структура, што оваа локација ја прави најстариот будистички храм на светот.
Според археолозите, станува збор за дрвена конструкција која се проценува дека потекнува од шестиот век пред нашата ера, податок кој ги менува досегашните тврдења за раѓањето на Буда, за кого се сметаше дека живеел два века подоцна.
Храмот во местото Лумбини, 300 километри од Катманду и досега важеше за еден од најстарите будистички храмови и родно место на Буда.
Најстариот доказ за тоа, кој потекнуваше од четвртиот век пред нашата ера, беше столб на кој имало натпис за посетата на царот Ашока, за кој се верува дека будизмот го проширил од денешен Авганистан до Бангладеш.