Пиво за злато, оцет за сребро – совети за чистење на накитот


hurem_nakit4

Имате ли низ дома накит кој никогаш не сте го исчистиле? Не сте единствени. Можеби едноставно сте биле мрзеливи да го однесете накитот на драгоцено место за чистење. Но, дали сте знаеле дека и смаите можете да го исчистите накитот како вистински професионалци?

Во тој контекст следуваат неколку совети и „чистачи“ кои сигурно ги имате во кујната.

hurem_nakit4Пиво за злато

Златото можете да го исполирате со пиво, само внимавајте да нема скапоцени камења. Мека крпа натопете ја со светло пиво и истријте ја површината. Потоа избришете со четка или сува крпа.

Бел оцет за сребро

Сребрениот накит потопете го во мешавина од половина шолја бел оцет и две кафени лажички сода бикарбона. Оставете го така два до три часа. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го да се исуши. Напомена: Ова се однесува само на чисто сребро. Затоа пред да се фрлите за работа, добро проверете од каков материјал е изработено вашето „сребрено“ ланче.

Кечап за сјај на среброто

Доколку имате сребрен накит кој потемнел, киселината од кечапот ќе му го врати сјајот. Се работи за лесни парчиња накит. Едноставно потопете во кечап неколку минути, а потоа избришете. Ако станува збор за накит со изрезбани детали, кечапот ставете го на стара четкичка за заби и протријте така што четката ќе допре до секое ќоше и потоа измијте со вода.

Газирана вода за скапоцени камења

Доколку сте еден/една од оние среќници кои поседуваат дијаманти, рубин, сафир, смарагд или нешто слично, ова е за вас. Налејте ја чашата со газирана вода, а потоа во неа ставете ги скапоцените камења и оставете да преноќи.

Вотка за кристали

Поради корозивните својства, вотката е многу корисна за чистење на кристали и стакло. Оваа техника е многу применлива, особено затоа што делува подеднакво како како на сите каменчиња. Ги мокрите во вотка, веднаш бришете и тоа е тоа.

365.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1