РЕИКИ техника за лечење со полагање на раце


Таа е безопасна, деликатна, неагресивна, исцелителна техника со полагање на раце, приложувана врз вас или врз другите, која користи духовна енергија за лечење на физички болести, без да вклучува натиск, манипулација или масажа. Но таа е многу повеќе от физичка терапија. Реики е холистичен систем за балансирање, лечење и хармонизирање на сите аспекти на човечкото тело, ум, емоции и дух и може да се користи исто така за потикнување на личното и духовно осознавање и израснување.

РЕИКИ-духовна енергија

РЕИ-Атомосферата на божественото. Означува вишиот интелект, кој го управува настанувањето и функционирањето на вселената, мудроста која иде од Бог.

КИ-енергијата која тече во секое живо нешто-растенија, живоотните и луѓето и која постои во некаков вид во се околу нас дури и во неодушевените предмети.

Најинтересното е дека науката најпосле потврди нешто кое од илјади години е дел од духовната мудрост од многу култури-дека невидлива енергија тече во сите живи нешта и ги сврзува.Таа енергија носи различни имиња во зависнот од културата или духовната традиција, како најпознато е името КИ.

Доловувањето на АУРАТА е првото нешто со кое треба да се запознаеме за да се вникне во концепцијата за енергијата и животната сила пред да се почуствуваат или евентуално научат да се користат вишите вибрации на лечителната енергија Реики, за да се проникне, пречисти, балансира, и енергизира целото енергино тело.

slika1-moniТоа е поле од енерија или светлина кое го заобиколува целосно физичкото тело, одозгора,одолу и сите страни. Составено е од седум слоја така што внатрешните слоеви кои се најблизо до физичкото тело се состојат од најгуста енергија, а секој нареден слој е по фин и со повисока вибрација. Повеќето луѓе имаат овална (елипсоидна) аура, која е малку поголема одпозади отколку отпред и се простира над главата и под нозете. Аурата на човекот не секогаш е со еднаква големина и може да се раширува и свива во зависност од најразлични фактори како состојбата на здравјето, емоционалниот или психички баланс во даден момент или колку удобно се чуствувате со луѓето покрај кои се наоѓате.

Таа аура е духовна енергија која ја поседувате од раѓање до смртта. После физичката смрт не може да се засече никаква аура, зошто животната сила повеќе не постои. Најголемиот шок за повеќето луѓе е колку голема може да биде, се разбира таа е различна кај оделните луѓе и се променува секојдневно, но надворешниот слој на аурата може да се простира од 2 до 20 метри. Тоа значи дека кога се во средина на други луѓе нашите аури се преплетуваат и независно дали тоа го чуствуваме или не постојано примаме “сигнали” од нивните аури.

Чакрите

Теоријата за чакрите се гради врз хипотезата дека енергијата се движи рамномерно во нашиот организам. Во седум точки на нашето тело постои концентрација на енергија, која постојано се движи спирално. Овие седум специфични точки се нарекуваат чакри. Чакра (се изговара ча-кра) и е санскритска збор за “тркало”. Нека поразговараме за чакрите.

Постојат 7 чакри:

I чакра: Муладхара

II чакра: Свадистхана

III чакра: Набхи и Војдан

IV чакра: Анахат

V чакра: Вишудхи

VI чакра: Агнја

VII чакра: Сахасрара

Која чакра што лекува и како прочитајте на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1