Двајца падобранци загинале во јужна Аризона откако после скокот се судриле во воздух, поради што нивните падобрани не се отвориле правилно и паднале на земја со полна брзина, соопштија американските власти.
Сведоци за истражните органи раскажаа дека двајцата падобранци ги повлекле јажињата за отворање на падобраните, кога на висина меѓу 60 и 90 метри над земјата се судриле.
Нивните падобрани поради тоа правилно не се отвориле и тие паднале на земја. Едниот падобранец е прогласен за мртов на самото место, додека другиот починал во болница.
Повреден е и трет падобранец, но полицијата наведува дека неговата повреда не е во врска ниту предизвикана од судирот на двајцата падобранци во воздухот.
Се уште се испитуваат причините за несреќата.