Е ова е држава: Исланд им ги отпишува кредитите на граѓаните


По финансискиот колапс во 2008 година, Исланд планира на граѓаните да им ги отпише хипотеките и да ги ослободи од плаќање данок за период од три години.

pariСпоред планот, на секое домаќинство во земјата, кое има долг за стабен кредит, владата ќе им отпише долг во износ од 24.000 евра. Во оваа земја со само 320.000 жители проблематичните хипотеки изнесуваат дури 1,25 милијарди долари и влијаат на курсот на домашната валут, исландската круна. Вкупната вредност на исландската економија се проценува на 14 милијарди долари.

Повеќе од полoвина од отпишаниот долг го сочинуваат директните хипотекарни кредити што Исланѓаните нема да мораат да ги враќаат, а остатокот од износот доаѓа од отпис на данокот за граѓаните во наредните три години.

„Да се ослободат домаќинствата од долгови“, беше изборниот слоган на актуелниот исландски премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон.

„Државната каса мора во оваа акција да служи како посредник во финансирањето и спроведувањето на мерките за штедење. Вкупните последици по буџетот не би требало да бидат значајни во периодот 2014 – 2017 година“, соопшти исландската влада.

Со оваа мерка, владата ќе се обиде да го зголеми БДП и да го поттикне штедењето. Овој план на Исланд го критикуваше Меѓународниот монетарен фонд, ОЕЦД и многу економисти, но поради оваа мерка, агенцијата S&P го зголеми кредитиниот рејтинг на земјата.

Ereporter.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1