Си замина еден од најголемите светски лидери – ова како аманет го остави Нелсон Мендела


Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република е роден на 18 јули 1918 година и бил револуционерен водач и државник со чии напори е завршен репресивниот режим на апартхејдот во таа земја.

mandela

Како студент во 1942 година се приклучува на Африканскиот национален конгрес (ANC), организација која се бори за правата на мнозинското црнечко население во Јужна Африка. Станува еден од главните организатори од почетокот на ненасилната борба против апартхејдот.

Откако таа политика не вродува со плод, Мандела зазема став дека единствено оружаната борба може да ја совлада политиката на апартхејдот на владејачкото бело мнозинство. Го организира военото крило на ANC и започнува кампања за саботажа, но набрзо Мандела и неговите другари се уапсени и осудени на доживотен затвор.

Во затворот тој бил изолиран, но неговата долгогодишна робија станува симбол на борбата против апартхејдот, а владата на Јужноафриканската Република се наоѓа под притисок на меѓународната заедница да го пушти на слобода.

Ослободен е во 1990 година и со тогашниот претседател Фредерик Де Клерк започнува преговори за мирно завршување на апартхејдот и поделба на власта со црнечкото мнозинство.

nelson mendela

За тие напори и залагања Мандела и Де Клерк во 1993 година ја добиваат Нобеловата награда за мир.

Во 1994 година ANC победува на изборите, а Мандела е прогласен за прв црн претседател на ЈАР, должност која ја извршува до 1999 година.

Ова се дел од неговите најпознати мудрости кои му ги остави на светот како аманет

Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го смените светот.

Секогаш изгледа невозможно сè додека не се заврши.

Да бидеме слободни не значи само да се ослободиме самите себеси, туку и да живееме на начин кој ја почитува и охрабрува туѓата слобода.

Немојте да ми судите според бројот на моите успеси, туку по тоа колку пати паднав и колку пати се вратив назад.

Победник е сонувачот кој никогаш не се откажува.

Доброто срце и добрата глава се секогаш добра комбинација. Но, штом на тоа додадете и елоквентност, тоаш имате нешто навистина посебно.

Храброста не е отсуство на страв, туку триумф над стравот. Не е храбар оној кој не се плаши, туку оној кој го победува таквиот страв.

Водете од крајот  –  и дозволете им на другите да веруваат дека тие се пред вас.

Никој не е роден мразејќи друга личност поради бојата на кожата, искуството или религијата. Луѓето мораат да научат да мразат, а штом можат да научат да мразат, тогаш треба да научат и да сакаат, бидејќи љубовта е природна за човечкото срце, но не и омразата.

Ако се обраќате некому на јазик кој го разбира, тоа оди во неговата глава. Но, штом се обраќате некому на неговиот јазик, тоа оди во неговото срце.

Едно од нештата кои ги научив додека преговарав е дека не можеме да ги промениме другите, додека не се промениме себеси.

Се прашуваме себеси, кој сум јас за да бидам брилијантнен, прекрасен, убав и талентиран. Всушност, кој си ти за да не бидеш сето тоа?

Не можеме да се подготвиме за нешто додека веруваме дека тоа нема да се случи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1