Здружението на албанската култура во Македонија поднесе кривична пријава „против непознат сторител за бесправна градба на споменикот на Цар Душан“.
Во пријавата уште се вели дека поставувањето на споменикот е дело кое предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, како и дека се повредени одредбите од Законот за меморијални споменици и спомен обележја.