Новинарот Александар Наков смисли извонредна идеја за тоа како за сопруга да ја побара својата девојка, кошаркарката Славица Димовска.
Тој преку порталот „Убавина и здравје“ го постави судбоносното прашање и притоа напиша:
– Со секој момент што го поминавме заедно станував сè поблизок до тебе, сè додека на сфатив дека сум лудо вљубен во тебе. Сега сакам оваа љубов да остане со мене засекогаш – напишал Наков во коментарот.
Наков на идната сопруга ѝ порача дека одговорот го чека во коментар. Одговорот, се разбира, следуваше веднаш и беше „да“.