sab-1-Приказната што ја пренесуваат речиси сите регионални медиуми започнала пред десетина години кога тогаш младата брачна двојка од селото на северозападот од Босна, на самата граница со Хрватска, влегла во локалната организација на вехабистичкото движење, кое по војната во БиХ, е во голем подем. Елвира, изминативе години, многу време поминувала и на Фејсбук. Така пронашла нови пријатели, со истата религиска определба, во Сирија. Меѓу нив го пронашла и мажот која ја поканил заедно да се борат и таа заминала.

– Не може некој од Сирија само така да урне нечии брак и да ги упропасти децата! Не може тој да уништи нечии брак и да остане на патот на Алахот! Не може тоа така! – разочарано констатира оставениот сопруг во изјавата за 24sata.hr.

Иако разочаран и загрижен за сопругата, тај вели дека таа е паметна и дека Фејсбук „и го свретел мозокот“.