Facebook следи се што пишувате, дури и она што не го објавувате!


Истражувачкиот труд на софтверскиот инжинер на Facebook го објаснува фактот кој јасно вели дека оваа спeцијална мрежа следи се што ние пишуваме, дури и ако не го постираме напишаното!
Џенифер Голбек, Претседателот на Лабораторијата за Човечко-Компјутерската интеракција и Професор на Универзитетот во Мериленд, се согласи со научниот труд дека отфрлените пораки, постови, коментари и статуси не исчезнуваат целосно.

131212_FT_UnpublishedStatus.jpg.CROP.promo-mediumlargeНаместо оние постови за кои сме се предомислиле да ги постираме да останат некаде незапаметени, Facebook користи код кој влегува во трагата на се што сте сакале да постирате, а сте го избришале и испраќа метадата за таа порака во основите на својата база.

Новиот истражувачки труд кој е напишан од страна на Facebook истражувачот Адам Крејмер и Д-р Саувик Дас ги испитува причините зошто некои Facebook корисници сами себе се цензорираат и која е причината зошто Адам гледа низа од прекинати и непостирани статуси и непостирани коментари на нечии слики.

Facebook ги чува податоците кои вие не сакате да ги објавите, а ги зачувува и останатите податоци поврзани со необјавените постови како што е времето и датумот кога сте сакале да го објавите постот и дали тој требало да се постира на вашиот профил или на страната на вашиот пријател.

Повнимателно со статусите, коментарите и постовите другпат.

Socialnet.mk

131212_FT_UnpublishedStatus.jpg.CROP.promo-mediumlarge

facebook_update

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1