Работник од Кина ја изгубил раката во несреќа. За да ја одржат во живот дланката додека дојде време за повторно да му ја зашијат лекарите ја зашиле за неговата нога.
Несреќниот работник Xiao Wei несреќата ја доживеал додека работел на машина во тешката индустрија, а бидејќи дланката била толку повредена, неможела да се прикачи повторно на раката, па докторите морале да спроведат ваква процедура.
Работникот е сега среќен, а по пресадувањето на дланката на правилното место, се очекува тој да добие потполна контрола во дланката.