Ники Најт од Краун Поинт во Индијана за помалку од осум часа од невеста станала вдовица.
Таа и сопругот Вилијам Најт биле на пат кон хотелот во саботата вечер, откако само неколку часа поминале во брак, кога здогледале жена која со возило слетала во ров.
Вилијам одлучил да застане и да и помогне, меѓутоа неколку моменти подоцна на него и несреќната Линда Дарлингтон налетал автомобил.
Загинале на место, пишува NBC.
Ожалстената Ники изјавила дека нејзиниот сопруг бил личност која секогаш останатите ги ставал пред себе.