Центарот за економски анализи – ЦЕА со големо задоволство денеска ја претстави студијата за Развој на Мариово во оддржлива туристичка дестинација, пишува Фактор.мк.
„Покрај тоа што Мариово е познато по иселените села, со напуштени куќи кои се распаднати, скоро без можност за обнова, треба да имаме во предвид дека Мариово поседува “недопрена”, чиста природа, богато историско и културно наследство, изолирано од урбаните средини и умерена клима во жешките периоди. Имајќи го во предвид сето тоа, целите на студијата се: а) оценување на потенцијалот на Мариово за развој на потенцијална туристичка дестинација, б) предложување на мисија, позиционирање, стратегија и маркетинг микс за развој на Мариово како нова и оддржлива туристичка дестинација и в) обезбедување на реален краткорочен акционен план за започнување на процесот“ – велат од ЦЕА.
Студијата можете да ја најдете на официјалната страна на ЦЕА на следниот линк:
http://www.cea.org.mk/documents/CEA%20Study%20on%20Mariovo.pdf
Извор: Фактор.мк