Станарите од зграда во Крагуевац останаа без струја во ходниците , бидејќи им ја исклучиле поради наводен долг направен во прериодот од од 1962 година до 1995 година пишува српски Телеграф.
Жителите на зградата во центарот на Крагуевац минатата недела од дома излегуваат со запалени свеќи во рацете .
Електричната енергија во ходниците на зградата, им ја исклучиле без известување или предупредување.
Мислејќи дека е некој дефект тие повикале мајстор – но тој им рекол дека броилото им е пломбирано поради неплатен долг.
– Можете ли да замислите каков шок беше кога дознав дека тоа е долг кој датира пред половина век , создаден меѓу 1962 година и 1995 година. велат фрапираните станари .
– Ние не можевме да добиеме ниту записник за прекинот на електрична енергија . Тие ни рекоа дека ние должиме околу 5.000 киловати од 1962 година. кога зградата била изградена.
Споменати 5000 киловати на ” тешки” околу 20.000 динари.
Станарите не одбиваат да платат . Тие побараа од властите да се приклучи струја во ходникот додека не се расчисти чии е долгот , но барањето беше залудно.