Хрватскиот пејач го искористи познанството со уредникот на еден магазин и ја запроси својата девојка Дубравка.
Реченицата „Дубравка, омажи се за мене“ и фотографијата на Тони Цетински утре ќе се појави на насловната страница на хрватското издание на магазинот „Стори“.
„Редакцијата ќе се погрижи Дубравка меѓу првите да добие примерок од магазинот и ќе ги објави нејзините реакции и одговор на првата просидба од насловна страна“, наведува магазинот на својот сајт.
Тони Цетински и Дубравка Дујак се заедно осум месеци, а на пејачот ова ќе му биде трет брак.
portal.com.mk