Властите во САД ги отфрлиле сите обвинениа против Анадел Круз(26) и Александар Бернстин(30) откако двајцата во ноември биле уапсени во Пенсилванија на пат кон Флорида.
Парот бил уапсен и обвинет за обид за поседување и пренесување дрога. На Криуз и било додадено и обвинение за поседување марихуана и за непочитување на сообраќајните прописи. На Бернстин му била определена кауција од 500.000, а на Круз од 250.000 долари.
Отакако двајцата поминале цел месец во затвор, со лабораториска анализа било утврдено дека станува збор за сапун од домашно производство. Обвинителот ги отфрлил обвиненијата, а адвокатите на парот сега тврдат дека апсењето било расно мотивирано поради нивното латиноамериканско потекло.