Лото кое секој би играл – 656 милиони долари џек пот во Америка


Продажбата на тикети порасна за 20 проценти од извлекувањето минатиот викенд, кога никој не ја доби наградата што тогаш изнесуваше 425 милиони долари, изјави Паула Ото, директорка на „Мега Милионс“, која заедно со „Пауербол“ се двете најголеми американски лотарии.

17122013083057_Mega_Millions_ticketДоколку и денеска нема среќен добитник или добитници, наградниот фонд за идното коло може да ги достигне рекордните 656 милиони, кои лани беа поделени меѓу три тикети.

Мерл и Пет Батлер, пензионирана брачна двојка од гратчето Ред Бад во Илиноис излегоа во јавноста и потврдија дека добиле една третина од наградата, односно 218,6 милиони долари пред да го платат високиот данок. Лотаријата им понуди исплата на наградата на рати или 158 милиони долари одеднаш, со што по плаќањето на даноците на брачната двојка им останаа 105 милиони долари.

Сопствениците на другите два тикети од рекордната добивка, кои беа продадени во Канзас и во Мериленд, одбија да го обелодента својот идентитет во јавноста. И сопствениците на продавниците каде се купени среќните тикети добиваат награда, од неколку десетици, па до 100.000 долари.

Но, не сите лото приказни во САД имаат среќен крај. Уроџ Кан, доселеник од Индија во Чикаго кој летово доби милион долари на грепка, беше пронајден мртов еден ден по исплатата. Полициската истрага утврди дека тој бил отруен со цијанид. Наградата предизвикала тешки кавги меѓу сопругата и братот на Уроџ, а по неговата смрт членовите на семејството почнаа меѓусебно да се обвинуваат за труењето.

Во ноември, пак, тикет вреден 16 милиони долари продаден во Флорида, пропадна откако и по шест месеци од извлекувањето среќниот добитник не дојде да ги подигне парите. Лотаријата „Пауербол“ соопшти дека вакво нешто се случило само двапати во нејзината историја и дека претпоставуваат оти купувачот го изгубил тикетот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1