Објавена е официјалната посмртницата на актерот Пол Вокер. Со неа се потврди дека актерот починал од трауматични и термални повреди.
Тоа значи дека тој не починал само од ударот на автомобилот во столбот, туку тој изгорел до смрт.
Судскиот вештак додава дека за разлика од Пол Вокер, возачот Роџер Родас не починал од изгореници, туку само од трауматични повреди.
Во двете посмртници се наведува дека жртвите починале брзо, а според докторот времето од ударот до горењето на телата било многу кратко.
За потсетување, Пол Вокер и неговиот пријател Роџер починаа на 30-ти ноември во сообраќајна несреќа во Санта Кларита, Калифорнија.