Две лица загинаа, а уште две други се ранети синоќа кога вооружен маж отвори оган во болница во градот Рино во американската созјузна држава Невада.
Како што јави ДПА, еден од загинатите е и осомничениот напаѓач, кој се самоубил.
Инцидентот се случил во административното одделение на болницата, а полицијата пристигнала на местото неколку минути по нападот.
Вчера попладне по локално време напаѓачот пукал кон луѓето во болницата при што убил човек, ранил двајца и се самоубил. Меѓу ранетите има тешко повредена лекарка.
Си Ен Ен јави дека човекот почнал да пука по преглед кај невролог. Мотивот за нападот не е познат а идентитетот на напаѓачот не е соопштен.