Љубчо Георгиевски: Македонија ќе стане муслиманска држава за 10 години


Македонија може да стане трета албанска држава или четврта муслиманска држава во Европа, моите идеи за етнички држави на Балканот веќе ги напуштив, македонската власт е просрпски ориентирана, парадоксално е тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска…Ова се делови од интервјуто на Љубчо Георгиевски, претставен и како човек со бугарско државјанство и потекло за бугарскиот весник „Пресе“, а го пренесува МКД.МК

Во интервјуто за весникот Георгиевски вели дека веќе не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот.

ljupco-georgievski-520x350„Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна… Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање , ситуацијата на Балканот нема да може да се смири“.

За демографските процеси во Македонија, Георгиевски вели дека за 7-8 години Македонија ќе стане музлиманска, а за 15 години ќе стане албанска држава .

„Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто – дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски“.

Повеќе овде.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1