Три бели ковчези со телата на изгорените Маја (2), Димитрија (3) и Ненад (4) се погребани вчера во заеднички гроб во Рајковац, кај Младеновац. Гробот меѓу првите го напушти таткото на децата Дејан Максимовиќ. Со подигната глава, треперлив глас изјави за Блиц дека за смртта на нејзините деца е одговорна “Мирела и нејзинот љубовник”.
Децата постојано ги гледав, ми носев храна, а на мајката и давав пари, но тоа не и беше доволно. Се скаравме пред 3 месеци, кога ми рече дека повеќе не сум и потребен.
Кога изби пожарот, дотрчав до куќата, не знаев ниту дали Маја, Димитрија и Ненад се живи. Таа веднаш ме нападна и тогаш ја удрив – вели Максимовиќ.
Тој вели дека не планирал да се ожени со Мирела.
Кога дојде да живее кај мене, година дена не можеше да забремени. Потоа некое време не се гледавме, па еднаш случајно се сретнавме и се случи тоа што се случи. Знам дека комшиите зборуваа сешто, но сите деца се мои.
Таа бараше тие да го носат нејзиното презиме за да може полесно да добие социјална помош. Ги возев кога требаше.
Последен пат децата ги видов пред 20 дена од кола, а во куќата поселден пат бев пред 3 месеци. Постојано ми бараше кеш кој наместо за децата му го даваше на љубовникот за бензин – вели Дејан за Блиц.
По погребот, мајката Мирела влезе во полициско возило. На барање на обвинителот, таа е однесена прво во полициската станица во Мледновац, а потоа во притвор во Белград. Во основното обвинителство во Белград е покрената истрага против Мирела Микулчиќ (29) поради кривично дело предизвикување општа опасност со што настрадале нејзините три деца. И се заканува затворска казна од 8 години.