Ана Николиќ бара од Дедо Мраз годинава да и донесе сопруг.
“Дедо Мраз, ако ме слушаш донеси ми вистински маж. Сакам да создадам семејство и да добијам дете, а би сакала тоа да го направам со маж кој е јак, како ментално, така и физички”, изјавила пејачката.
Таа 2013 година ќе ја памети како исклучително бурна за неа, а причина за тоа се многубројните скандали со кои се соочи во изминатиов период.
“Ми се препишува се и сешто. Сепак веќе ништо не допира до мене. Немам ниту време, ниту желба да се занимавам со деманти.
Не може секогаш да биде се онака како што замислуваме и не зависи се од нас. Јас веќе го научив тоа”, открила пејачката, која во 2014 година планира да направи солистички концерт во Комбанк арената.